Една третина од човештвото во изолација поради коронавирусот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Една третина од човештвото е во изолација поради коронавирусот, откако денеска и во Индија стапи во сила наредбата нејзините 1,3 милијарди жители да не ги напуштат своите домови во следните три недели. Во изолација во моментов се наоѓаат 2,6 милијарди луѓе низ целиот свет.

 

„Да се спаси Индија, да се спаси секој граѓанин, ти, твоето семејство… секоја улица и секоја населба се става во карантин“, порача индискиот премиер Наренда Моди синоќа во телевизиското обраќање до нацијата.

 

Моди признал дека тринеделната блокада ќе биде голем удар за економијата на земјата , но смета дека алтернативата би можела да ја врати земјата со децении назад, пренесе Ројтерс. Во Индија досега се регистрирани 469 позитивни на Ковид -19 и 10 смртни случаи.

 

Истовремено Кина денеска ги укина драстичните ограничувања наметнати пред неколку месеци во провинцијата Хубеи, каде започна пандемијата на коронавирусот, од кој од декември до денеска заболеа повеќе од 428.000 луѓе, а починаа повеќе од 19.000 низ целиот свет. Пекинг вчера објави дека ја укинува карантинот за повеќе од 50 милиони луѓе во Хубеи, воведен во јануари, за да можат сега да патуваат ако се здрави.

 

Ситуацијата во Европа е се уште критична, каде најпогодена е Италија каде само вчера поради коронавирусот починаа 743 лица, со што бројот на смртни случаи таму е речиси 7.000. Шпанија е втората европска држава со најголем броој заразени – 47.000 и над 3.200 смртни случаи.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи