И принцот Чарлс заразен од корона вирус

Facebook
Twitter
Email
Print

Британското кралско семејство објави дека вечниот престолонаследник, 71-годишниот Принц Чарлс бил позитивен на тестот за коронавирус, дополнувајќи дека тој се чувствува добро.

 

„Тестирана била и Камила, меѓутоа таа не го немала вирусот. Според кралското семејство двајцата моментално се во самоизолација во замокот Балморал, во Шкотска. Чарлс последните неколку дена е таму и работи од таму.Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега се во самоизолација во нивниот дом во Шкотска. Тестовите се извршени во Абердиншајр во Шкотска, и се според сите медицински критериуми за тестирање. Невозможно е да се утврди од кого принцот го има префатено вирусот, имајќи ги предвид бројните активности што ги имаше во јавноста во изминатите недели,“ се наведува во официјалната изјава на кралското семејство.         

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи