ВИДЕО- Јанкула : После кризата да ги изнесеме надвор лицата со посебни потреби, карантинот на сите ни покажа колку е тежок

 

Ако граѓаните дури сега поради пандемијата на корона вирусот увидоа што значи да се живее во карантин, колку е тешко да не се излегува по 24 часа од дома и како сето тоа влијае и врз нивната психичка состојба, за најголемиот дел од лицата со посебни потреби во Македонија, ова е секојдневие, вели „Преспанскиот херој“, Васил Јанкула, кој стана познат по своите подвизи со својот трицикл заобиколувајќи ја цела Македонија за да го докаже своето мото дека „Сите сме исти“. Тој веќе неколку месеци работи во Општина Ресен и вели дека конечно го остварил својот сон и е премногу среќен, но неговата желба е „Сите навистина конечно да бидеме исти“.

 

 

„Никој не заслужува да остани цел живот дома, на секого треба да му се подаде рака, да го изнесиме надвор од дома. Нека се стави некој на местото нивно, на местото од некого кој цел живот е во кревет. Тој човек да го изнесиш надвор Господ ќе те благослови со многу“, вели Васил Јанкула, мотиватор – лице со посебни потреби.

 

За да лицата со посебни потреби конечно излезат од дома, да се социјализираат, да ги развиваат своите таленти, да се едуцираат и да работат, според Јанкула потребно било отворање на повеќе дневни центри, но и посебни служби кои ќе ги посетуваат овие лица во домашни услови.

 

„Да се организира една група на граѓани, да се оди кај нив дома, да го посетуваат некое лице, да го дружат и да му го оттргнат малку товарот на родителите кои што цел живот се со нив. Не треба ништо посебно, некогаш е доволно само да го ислушаш човек во неговите маки“, додаде Јанкула.

 

Во овие денови на ограничено движење, Васил е цело време дома, каде вежба, спортува и преку свои видеа на социјалните мрежи секојдневно ги мотивира лицата на посебни потреби, но и сите останати. Се надева дека после оваа ситуација општеството ќе ги слушне овие негови апели и дека сите ќе имаат исти можности.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи