Бектеши: Граѓаните да пријават доколку сметаат дека имаат превисоки сметки за струја

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Министерот за економија Крешник Бектеши денес изјави дека граѓаните кои сметаат дека имаат добиено превисока сметка за потрошена електрична енергија имаат право на жалба кај Регулаторната комисија за енергетика.

„Цените во блоковите се многу транспарентно објавени од РКЕ. Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што се утврдени со РКЕ, но граѓаните секогаш имаат право на жалба во Регулаторната комисија и ги повикувам, ако мислат дека има некоја грешка или злоупотреба, да пријават и тоа ќе се среди веднаш“, рече министерот.

Бектеши додаде дека законски до 1 јули не може да се промени цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и дека не очекува нејзино зголемување ниту по овој датум.

Во декември минатата година министерот Бектеши рече дека со новата методолгија корисниците од првиот и вториот блок може да очекуваат намалување на сметките за струја и покарај новата давачка за пристап до мрежата. Поскапа струја министерот најави за ониe што дома трошат колку што троши една фабрика. Сепак, голем број на граѓани се жалат на последните сметки добиени за потрошена електрична енергија дека се превисоки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми