Битолчанка измамена за 34.890 евра, ги уплатила на сметка на лице од Романија чекувајќи истото да и поклони 590.000 евра

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 01.02.2025 во 14.30 часот во СВР Битола 62-годишна жена од битолско пријавила дека во ноември 2023 година преку социјалните мрежи стапила во контакт со лице од Романија, која и кажала дека има сериозни здравствени проблеми, дека нема семејство, а има заштедено 590.000 евра и дека сакала да и ги подари на пријавителката.

Пријавителката од ноември до денес преку апликацијата WhatsApp комуницирала со лице кој се претставувал како адвокат, а уплатила и 34.890 евра, кои наводно биле потребни за спроведување на постапката. Но, бидејќи парите не ги добила, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми