ВИДЕО- Катерина Арсова – локални хероини од руралните средини – успехот не зависи од местото на живеење


Катерина Арсова е третата локална хероина, со која што разговаравме во овој наш мал сериал за животот на руралните жени. Таа како и претходните две наши соговорнички Гордана Цветаноска и Магдалена Трајкоска со својот избор на образование, работа и живот, сведочи дека не е важно од каде потекнуваш, туку колку сакаш да успееш. Пречки има во секоја средина, но секогаш се надминуваат со упорност, голема желба за успех и поддршка од најблиската околина.

Додека јас растев во моето село навистина не беше ниту времето, ниту можностите како денес, но јас потекнувам од една фамилија каде и моите баба и дедо своите деца го образувале едно дете во Битола, две деца во Прилеп и едно дете во Велес, така да јас воопшто немав проблем ниту во сфаќањата на моето семејство дека треба да се образовам и дека треба да ги ширам хоризонтите“, истакна Катерина Арсова, медицинска сестра и дипломиран одделенски наставник.

Таа потекнува од рурална средина, но долго време не живее таму. Завршила факултет за наставници на Унуверзитетот во  Битола, а моментално работи како медицинска сестра во специјалистичка ординација по ортодонција а од пред 5 години е и директор во руската компанија Тианде. Таа смета дека стереотипите веќе се надминати и дека сега сите имаат еднакви шанси за образование и напредок доколку го сакаат тоа и имаат поддршка од семејството.

 Мислам дека не е пречка она од каде си, туку што сакаш да бидеш, секако со поддршка на фамилијата, денес сите родители ги поддржуваат своите деца да се образоваат, така ги воспитуваат и навистина не е проблем никаков денес да се образоваш и да стекнеш образование такво какво што посакуваш“, истакна Катерина Арсова, медицинска сестра и дипломиран одделенски наставник.

 И таа со порака, руралната жена да не се откажува никогаш и за ништо и секогаш да ги следи своите соништа.

Мислам дека жените во руралните средини воопшто не се чекор назад према другите градски средини, туку се чекор напред, затоа што во руралната средина кога си дете се учиш на дисциплина и на работа и тоа многу помага понатаму во животот. Децата кои растат во рурални средини се дисциплинирани, знаат како секој ден треба да работиш, од многу мали нозе тоа го учат и мислам дека се чекор напред, затоа што потоа секоја работа ја работат навистина добро. Треба да се образоваат, тоа е многу битно, треба да стекнат образование кое го сакаат и секако да си ја бараат шансата во светот“, додаде Арсова.

Овие 3 локални хероини лично со својот избор на образование, работа и живот, сведочат дека не е важно од каде потекнуваш, туку колку сакаш да успееш. Пречки има во секоја средина, но секогаш се надминуваат со упорност, голема желба за успех и поддршка од најблиската околина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи