Магдалена Трајкоска e рурална жена, локална хероина, која како и Гордана Цветаноска и вистински борец за остварување на својот сон и пример за рушење на табуата и стереотипите дека руралните жени помалку успеваат од оние кои живеат во урбана средина. Таа се уште живее на село, работи напорно земјоделие, но од друга страна е наставничка по информатика и во рурална средина, а предава и во урбана средина. Завршила факултет за информатички и комуникациски студии во Битола, а во моментов го подготвува магистерскиот труд на истиот факултет, а потоа има желба и да докторира.

„Не треба да се дели ни машката ни женската работа, не треба да постои стереотипот дека мажот не смее дома ништо да фати од домашните обврски на жената и обратно, жената не смее да фати машки обврски. Стереотипот дека жената треба да седи дома да ги чува децата, дека не треба да ги извршува своите работни обврски, дека не треба да оди на работа, дека таа треба да биде само домаќинка мислам дека во ова модерно време на живеење сега се откоренува. Тоа е ќе речам старомодно, каде постарите, ќе ја спомнам мојата баба ќе речеше ти не треба да работиш, вас сопругот треба да ве гледа. А зошто сум се образовала, зошто сум вложила труд во самата себе, значи сакам да постигнам некоја цел и имам зацртано дека треба да постигнам некоја цел. Јас сметам дека во ова модерно време се искоренува тој стереотип“, потеницираше Магдалена Трајкоска, наставник по информатика и жена земјоделец.
Сепак признава дека и општеството треба да работи повеќе на создавање на подобри услови за развој и надоградување на руралната жена во средината каде што живее, затоа што за жал кај нас има огромни разлики во квалитетот на живот на село и во град и можностите кои ги има.
„Жените кои живеат во рурална средина имаат ограничен пристап до некои задоволства кои можат да си ги пружат, отколку жената во град. Имаат негативности како од социјален, културен аспект, така и од други аспекти кога станува збор за жена која живее во рурална средина, а во урбана средина се ти е достапно, се ти е блиску. Ако живееш во рурална средина ако не возиш мораш да има превоз, да чекаш автобус и други средини кои се подалеку од урбаните средини ги немаат тие услови, немаат мрежа, немаат интернет, немаат достапност до образовни институции, да имаат потреба за било каква помош не можат да стигнат да си ја остварат целта таа која сакаат да ја извршат работата“, додаде Трајкоска.
И таа како и Цветаноска со силна порака до руралните жени.
„Кога се сака, се се можи и порака до сите жени кои живеат во рурална средина, главата горе, само храбро, јака самодоверба во самите себе, поставена цел, божја помош и се се постигнува, кога се сака се се може“, рече Трајкоска.