Едно од најпопуларните и најбараните јадења буквално во целиот свет со сигурност можеме да кажеме дека е пицата. Неа ја обожаваат и конзумираат сите генерации и стари и млади иако сподер историските записи таа започнала да се произведува за прв пат во италијанскиот град Неапол,се проширила како јадење и специјалитет буквално низ целата планета. Денес скоро и да нема држава град или помало населено место кое што не го има како свој производ пицата и каде што не може да го купите и да го конзумирате доколку ви ви е кеф. Но сепак има разлика од пица до пица, а што е разликата помеѓу добрата пица и онаа останатата денеска ќе ни каже мајстор Васко кој што 10 години работел на овој занает во Хрватска и Германија, а од пред една година се враќа во своето родно село Крушеани, потоа тука во соседното село Кривогаштани ја отвора пицеријата „Јовески“. Како се прави една од највкусните пици тука во целиот регион ќе ни каже самиот мајстор Васко, да одиме.

Добар ден мајсторе.
Јовески: Добар ден
Како сте?
Јовески: Добар
Како што кажав 10 години со овој занает во Хрватска и во Германија, што ве натера да се вратите во своето родно место и тука да отворите пицерија?
Јовески: Па, желбата за нешто свое и долги години сакав да пробам нешто мое да биди и мораше, сега е мислам моментот за да пробам како е.
Една година од пицеријата „Јовески“ во селото Кривогаштани.
Јовески: Да, една година исполнета со добри работи со маки и со се.
Задоволни сте од вашата идеја и од вашата желба да имате своја пицерија?
Јовески: Да, задоволен сум па дури повеќе него што треба.
Жителите на Кривогаштани и околните населени места сакаат пица?
Јовески: Да, добра реакцја со добра реакција ми вратија, мислам дека се трудам да бидам квалитетен.
Има други пицерии во регионот тука?
Јовески: Не, нема една од работите што ме привлече е тоа што немам конкуренција во оваа околина, друго е љубовта кон пиците.
Значи една и единствена и тоа најдобрата пицерија
Јовески: Да.
Кажете ми за кога за прв пат ја направивте првата ваша пица?
Јовески: Па, 2015 година, така 10 години има поминато од првата во Ровињ во Хрватска на сликава како што може да се види, таму.
Тешко ли беше да се научи да се прават пици, за колку време како се научивте?
Јовески: Па, имам една приказна за тоа, излеговме јас и татко ми од границиве и сакавме да пробаме нешто во странство, таму имав услов ако не научам за една недела дека ќе бидиме вратени јас и тој и се случи да научам, фала му на Бога.
Знaчи за една недела научивте да станете пицмајстор?
Јовески: Да, ама нормално со добар учител и степен по степен се изврши работата.
Сега сами подготвувате голем број видови на пици, ајде да погледнеме како се подготвува една пица „Јовески“ тука.
Јовески: Ајде.
Со што започнуваме прво при подготовката и правењето на пицата, тоа е сигурно тестото.
Јовески: Да
Тестото претходно го месите или како?
Јовески: Да претходно го месиме, во почетоците на пицеријата беше рачно и сега е машински, тестото мора да постои најмалку 48 сати за да биди во фаза на припрема. Ако одстои помалце од 48 сати може да се работи ама нема да биди истиот квалитет на пицата.
Стои на ладно, на топло место,во фрижидер, на собна температура?
Јовески: На собна стои дури стасува после стои на ладно за да може да се припрема, зависи дали е зима или лето,ако е лето мора да се чува на ладно оти прераснува, а во зима е потешко, на собна е препорачливо да стои.
Вo што се состои тајната на една пица, во тестото?
Јовески: Па, во сите аспекти треба..
Сите компоненти што се?
Јовески: Да, сите компоненти треба да бидат квалитетни за да биде и пицата квалитетна, ако имаш добро тесто и ако ставиш лоша шунка,лоша ќе биде пицата, значи не е само до тестото мора да бидат сите компоненти комплетни за да биде и пицата комплетна.
Дали секој пицамајстор си има свој рецепт за тестото, пример или за пицата?
Јовески: Како и секој кувар, на два различни кувари ако му дадете исти грамажи од било какви состојки ќе направат 2 различни јадења, така да, и колку љубов давате во работата има многу голема улога.
Значи практично ова тесто што го правите, оваа пица е пренесена од Ровињ од Хрватска од каде што го научивте занаетот.
Јовески: Склоп, да ова е и од Ровињ, од секаде по нешто од секаде помалку.
Од секаде најдоброто земено составено тука.
Јовески: Да, и искуство имам не само со пици во сите други аспекти, почетоците беа тешки нормално од судопер, сега до свое, мислам дека тука е наградата во куварството или во било која работа кога ќе достигниш нешто свое да имаш.
Да погледнеме како се прави една пица.
Јовески: Ајде
Значи ова е тестото кое што стои како што кажавте најмалку 48 часови. Ја подготвувате најпрвин работната површина. Ова е брашно?
Јовески: Ова е пченкарно брашно, како што работат во Италија, не е случај кај нас многу да е застапено но јас сакам даработам на тој начин зошто пицата е подобра. Нема некоја голема улога, ова е само за тегнење н пицата, како што реков пченкарното брашно е случај во Италија, кај нас уште можеби не е а овие простори.
Значи ова е делот од италијанскиот рецепт за подготовка на пица.
Јовески: Да, нормално од нив треба да земиме, оти тие се мајстори на пицата, како што ние сме мајстори за ајвар.
И пицата се растегнува по краевите?
Јовески: Да, се растегнува, по краевите треба да биди подебелка малку за да биди на средината потанка.
Значи прво како подлога се става доматното пире?
Јовески: Доматното пире или пелат како што го викаат. Потоа одиме со кашкавал.
Каков вид на кашкавал се употребува во странство, каков кај нас?
Јовески: Моцарела е насекаде во светот, кај нас не е застапена моцарелата бидејќи е скапа за нашите стандарди. Е сега нанашава пица „Јовески“ оди прво салама,па одат печурки.
Свежи или маринирани, какви се?
Јовески: Свежи се подобри, маринираните печурки не се за оваа намена. Потоа одиме со врат и печеница. Пицата од куќата е секогаш побогата.
Тоа е специјалитет на пицеријата?
Јовески: Мора да биде побогата, па одиме со куленче или пеперони и уште сланина.
Колку време треба за подготовка на пицата?
Јовески: Па, зависи од пицамајсторот, 5 до 6 минути се доволни за малата пица. Зависи дали е фамилијарна, во какво издание. Потоа оди на печење во печката.
Колку време е потребно за печење?
Јовески: Па, на добро загреана печка 4 до 5 минути.
Значи претходно печката мора цело време да работи?
Јовески: Да, печката работи секогаш од почетокот на смената до крајот на смената.
Е сега да ве прашам,каков вид на пица изработувате, дали може да ни кажете и да слушнат гледачите кои што ќе посакаат убеден сум после оваа емисија да дојдат тука и да ја пробаат вашата пица?
Јовески: Па, различен вид по стандардните Маргарита, Капричиоза, познатата во Македонија Мови,Пеперони, Салами пица и имаме несекојдневна пица во пицерија „Јовески“ пица „Бела“, каде што не оди доматно пире, оди павлака за готвење и пицата е специјална со оглед на тоа што е на незе оди врат и е необична. Доста луѓе ја немаат пробано и кога ќе пробаат викаат дека е нешто посебно.
Која се бара најмногу пица,што сакаат муштериите?
Јовески: Па, на второ место е „Јовески“ на прво е Капричиоза заради класиката, како Порше 911.
Каков вид на големини на пици правите?
Јовески: Од 30 сантими, 40 и 50.
Фамилијарна?
Јовески: Фамилијарната е 50 сантими во големина, 40 е средната, и 30 е малата пица.
Дали изработувате освен она мени стандардно што си го имате како пицерија, по желба пица некој да ви порачал нешто досега интересно чудно?
Јовески: Па, нормално пола – пола, четвртини, по желба, работиме и по желба.
Дали можеби изработувате посни пици, вегетаријански пици?
Јовески: Да, посна пица имаме нормално посен кашкавал, печурки. Еве сега пицата е готова.
Значи ова е специјалитетот на куќата, пица „Јовески“.
Јовески: Да
Имаме можност сега да ја погледнеме, а се надевам дека за кратко и ќе го вкусиме?
Јовески: Во случај е во Македонија да се намачкаат краевите исто и во странство, на пример во Италија е случај да се мачкаат со маслиново масло.
Зошто е тоа така за да бидат помеки?
Јовески: За да бидат помеки да, ставаме малку босилек и оригано.
Во странство и се ставаат повеќе свеж босилек.
Јовески: Свеж босилек е претежно, треба да се става.
Како ја конзумираат најчесто пицата во странство, најчесто кај нас ја мешаме со мајонез, кечап?
Јовески: Тоа е против законот на пицата,пицата треба да се конзумира таква каква што е, навреда е за пицамајсторот да се додава мајонез, кечап.
Како што кажав доаѓаат тука буквално од целиот регион, блиску е и Прилеп, блиску е и Крушево, Кривогаштани на средина, но околу имаме и голем број населени места, од каде се доаѓаат муштерии да ја пробаат вашата пица?
Јовески: Па, општината има најмалку 5000 жители, од Прилеп секогаш кога одат за Крушево, од Крушево.
Можат да застанат тука и да го пробаат овој специјалитет.
Јовески: И Крушево има добри пицерии,а имам доста поблика и од Крушево.
Од колку до колку часот работите во текот на денот, како можат да порачаат пица?
Јовески: Во зимскиот период од 12 на пладне до 23 навечер, во летниот од 9 до 24, во викендите до 1 часот после полноќ.
Колку повеќе пици продавате од оние што сакаат да седнат тука во пицеријата или да си земат за дома?
Јовески: За дома, трендот е за дома, можеби така е и подобро.
Конечно да седнеме лезет малку да вкусиме. Гледам тука има прибор, често поставувано прашање, дали пицата се јади со прибор или се јади со раце, какво е искуството во странство?
Јовески: Зависи кој како има желба, се јади и со прибор и со раце, Италија е поделена за тие работи
Што велат Италијанците?
Јовески: Па, едната половина вика дека се јади со раце,а другата половина дека се јади со прибор, така да кој како има желба така.
Значи кој како сака, јас би сакал со рака да ти кажам, така поубаво и повкусно.
Јовески: Пробајте па кажете дали е добра.
Специјалитетот на куќата, пица „Јовески“ кулен , шунка, врат, кашкавал, сланина, печурки, повелете пробајте го овој специјалитет сите коишто гравитирате околу регионот на Кривогаштани, Прилеп, Крушево и околните населени места, верувајте дека нема да зажалите,.
За сите оние кои што го гледаат ова интервју ,оваа емисија може да ја најдите пицеријата кога одите на патот од Прилеп за Крушево после полициската станица на само неколку метри од десната страна пред онаа клучка каде што се врти за Свето Митрани или ако слегуваре од Крушево веднаш спроти црквата Св. Димитрија.