Издадени 305 налози за сторени сообраќајни прекршоци за 3 дена на територија на СВР Битола


Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на викендот (21/22/23.03.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 305 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 95 платни налози.

Според статистичките показатели од вкупно 1.245 исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат, така што евидентирани се вкупно 121 прекршоци, а откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола се 32, како и 4 возачи кои што управувале нерегистрирани возила. Покрај ова, изречени се и 17 мерки по основ на зборување на мобилен телефон при возење, како и 60 мерки за непрописно паркирани возила. Од вкупно 299 алкотестирани возачи, кај 11 возачи констатирано е присуство на алкохол и се исклучени од сообраќај.

Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи