Милена Спиркоска, ученичка во трета година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ изработи видео проект „Историјат на извидничкото движење во светот, Македонија и Прилеп“, како дел од on line наставата по историја, под менторство на професорот Кире Николоски.
Погледнете го видеото и научете што е извидништвото, зошто и како настанало и зошто досега над 500 милиони луѓе се одлучиле да бидиат дел од извидниците.
Извидништвото и искуството со извидништвото
Постојат повеќе од 50 милиони извидници, млади и возрасни, мажи и жени, во над 200 земји и територии. Околу 500 милиони луѓе биле извидници, вклучувајќи истакнати луѓе на секое поле. Сето ова започнало со 20 момчиња и експериментален камп во 1907 година. Се одржало во првите девет дена од август во 1907 година на островот Браунси, во близина на Пуле во Дорсет, Англија. Кампот бил голем успех и му докажал на својот организатор Роберт Баден-Пауел дека неговиот тренинг и методи им се допаѓаат на младите луѓе.
100 години подоцна, во 2007 година, Движењето ја прослави стогодишнината – 100 години извидници. Она што започна како мал камп на островот Браунси, денес расте во движење со членови во скоро секоја земја во светот. Преку својата единствена комбинација на авантура, образование и забава, извидниците успеваат постојано да се обновуваат и да се прилагодуваат на променливиот свет и различните потреби и интереси на младите луѓе низ целиот свет. Притоа, таа продолжува да биде инспирација за младите луѓе да станат активни локални и глобални граѓани, помагајќи им да создадат подобар свет.
Ветување на извидниците
Движењето извидници се заснова на следниве принципи:
- Должност кон Бога – односот на една личност со духовните вредности на животот, основното верување во сила над човештвото.
- Должност кон другите – односот на една личност со друга и одговорност во рамките на општеството во најширока смисла на терминот: неговото или нејзиното семејство, локалната заедница, земјата и светот во целост, како и почитта кон другите и природниот свет.
- Должност кон себе – одговорност на една личност да го развива својот сопствен потенцијал, во најдоброто од можноста на таа личност.
Извидништво во Македонија
Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО) е еден од најстарите извиднички одреди во Република Македонија. Формиран е есента 1952 година, за подоцна во 1953 година да се регистрира во Сојуз на Извидници на Македонија (СИМ).Во овај сојуз се приклучуваат и останати одреди од сите градови во Македонија.
Денес во нашиот град Прилеп егзистира и активно работи извидничкиот одред ФЕНИКС. Во ФЕНИКС, членуваат преку 100 активни извидници кои се категоризирани во повеќе возрасни групи. Извидниците од 6 до 10 години се нарекуваат Развигорци, од 11 до 14 години тие влегуваат во патрола и се нарекуваат (помлади) извидници, од 15 до 18 година, истражувачи и над 18 години извидниците се нарекуваат ровери.
Мисија на извидничкото движење
Мисијата на извидници е да придонесат во образованието на младите, преку систем на вредности врз основа на извидничиот Завет и Закони, да помогнат да се изгради еден подобар свет , каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ова се постигнува со вклучување на младите во не- формалниот образовен процес со користење на специфичниот извиднички метод што го прави секој поединец главен агент во неговиот или нејзиниот развој. Мисијата е усвоена на Светската Извиднички конференција во Дурбан , Јужна Африка во 1999 година.
Завет на извидничкото движење во Република Македонија
„Давам чесен збор, дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Република Македонија дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагам на луѓето, дека ќе живеам и работам по извидничките закони“.
Закони на извидничкото движење на Република Македонија
- На извидникот му е чест да му веруваат
2. Извидникот е корисен
3. Извидникот е добар другар
4. Извидникот е учтив
5. Извидникот е оптимист
6. Извидникот е верен и одговорен
7. Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења
8. Извидникот ја цени природата
9. Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности
10. Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата
Моето искуство со извидништвото
Моето искуство со извидништвото започна сосем случајно. Во разговор со другарките дознав за движењето во кои активно учество земаше една од нив и дознав за активностите на извидниците. Од нејзиниот разговор добив слика дека активностите и задачите на извидниците ми се блиску до мојот карактер и преку извидништвото би научила нови вештини, кои би ми користеле во текот на целиот живот. Наредниот ден веќе станав член на прилепскиот извиднички одред Феникс. Бев срдечно пречекана од постарите членови со мотото: “Еднаш извидник секогаш извидник”.
Најпрвин стекнав некои теоретски знаења за: логорување, ориентација во природа, тимска работа, комуникација, издржливост, креативност, решавање на проблеми и слично.. Со тек на времето овие теоретски знаења јас, заедно со мојот извиднички одред ги применувавме и практично на извиднички акции на нашиот одред, а покасно заедно со другите одреди од Македонија учествувавме на 12-та меѓународна извидничка смотра.
Смотрата се одржа од 14 до 22 Јули 2018 во охридското планиско село Скребатно. На настанот учествуваа преку 1.200 извидници од 15 земји. Деведневниот живот во планина остави трага во мојата меморија кој сигурно ќе трае засекогаш.
Нашиот одред во лето често организира и акции со извидници од целиот свет, па така во летото 2018 имавме камп со извидници од Белгија кои ги запознавме со нашата култура, традиционални јадења и прилепските знаменитости. Таквите пријателства траат сеуште, а и сигурна сум дека ќе траат засекогаш.
Најинтересна е акцијата. Акциите се одржуваат во сите градови каде што има извиднички одред. Прилепската акција се кажува дека е една од најубавите секоја година. Мината година се одржа од 3 до 5 Мај на една викендичка во местото Маркова чешма.
Првиот ден акцијата ја отвораме со пеењето на извидничката химна:”Пламен се дига” и палење на логорскиот оган кој се гасни последниот ден со затворањето на акцијата односно доделувањето на наградите (дипломи). За време на отворањето на акцијата сите извидници се облечени во извиднички кошули и носат извидничка марама која е специфична за одредот. Важно е тоа што акцијата не може да почне без на сите извидинци да им се поставени шаторите, каде ќе ги преноќат трете дена.
Вториот ден е најитересен – сите имаме различни обврски, но покрај обврските сите имаме една контролна точка која што на натпреварувачите е дадена со координати, тие треба да ја пронајдат точката во градот и да ги направат бараните предизвиците. Кога ќе пристигнат назад играат игри кои имаат натпреварувачки дух. Вечерта вечераме и секогаш има игранка околу логорскиот оган каде што најчесто се јавуваат нови пријателства и се јавуваат нови срамеживи погледи.
Третиот и последен ден се соопуштуваат резултатите, се прогласува победникот, се гаси логорскиот оган и извидниците се спремаат за дома. Овие акции за сите извидници ве уверувам дека се нешто посебно.
Дојде ред и за нашиот одредски камп кој секој година се одржува на крајот од Октомври. Кампот е за запознавање на новите членови на одредот, а се разбира најмногу за дружба на сите. Таму ние постарите извидници сме поделени на неколку групи. Една група составена од 3 до 4 издиници е задолжена за забава на помладите учесници, а преку игри и различни песни тие учат на некои вештини. Други пак се задолжени за готвење, тие се грижат за сите да бидеме сити цели три дена. Кампот се одржува традиционално на манастирот св. Ѓорѓија кај село Присад прилепско.
Извидништвото мене ме смени во целост, стекнав нови пријателства, се осамостоив и уште се држам на мотото: “Еднаш извидник, секогаш извидник”
Автор : Милена Спиркоска
