Насилно влезено во угостителски објект во Прилеп на ул.„Архиепископ Доситеј“ по што истиот бил запален

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Денеска (10.10.2024) околу 02.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека со употреба на сила било влезено во угостителски објект на ул.„Архиепископ Доситеј“ и со запалива течност бил предизвикан пожар во објектот, од кој биле оштетени ѕидовите и дел од инвентарот во објектот.

„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид бил извршен, за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми