Општина Прилеп одбележа 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Општина Прилеп денеска одбележува 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог на националната борба, Гоце Делчев. По тој повод, пред спомен-бистата во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, институцијата што со гордост го носи неговото име, делегација од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, делегација од училиштето „Гоце Делчев“ заедно со претставници од останатите училишта и граѓани, положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на великанот на македонската држава.

„Делото и идеалите на Гоце Делчев остануваат трајна инспирација и водилка за македонскиот народ и за идните генерации! Нека е вечна славата на Гоце Делчев!“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми