Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.
На средбата се разговараше за досегашната успешна и плодна соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, едукација и обука на припадниците на двете армии, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Соговорниците констатираа дека членството на Македонија во НАТО дава дополнителен придонес кон напредокот, развојот и стабилноста на Балканот.
Генерал-мајорот Грегори Најт ја истакна улогата на македонските вооружени сили и нивното учество во меѓународните мисии како исклучително успешна и подвлече дека членството во НАТО на Македонија е повеќе од заслужено.