И понатаму ја продлабочуваме соработката со општините во насока на зголемување на еднаквите можности во локалните заедници и креирање на родово-одговорни одржливи општини.

Рурална Коалиција организираше средби во општините Кичево и Јегуновце на кои што средби беа присутни дел од советниците во општината, општинската администрација, дел од членовите на Комисијата за еднакви можности, но и вработени во секторите образование, култура и спорт.
Сите присутни имаа можност да ја разгледаат детално методологијата за родово-одговорно буџетирање и да поставуваат прашања, да бараат дообјаснувања, но и да изнајдат алатки и мехнизми како оваа методологија може да се применува при креирањето и имплементацијата на програмите во општините.
Методологијата веќе се спроведува во повеќе општини низ нашата држава, а една од нашите цели во рамките на проектот „Еднакви можности за СИТЕ: Градење на родово-одговорни одржливи локални заедници“ е токму креирањето на програми и мерки кои што во целост ќе одговараат на специфичните потреби на мажите, жените, но и на маргинализирани групи на граѓани, како и на лицата со попреченост.
Од општините Кичево и Јегуновце ја истакнаа подготвеноста да ја прифатат и воведат во планирањето методологијата за родово-одговорно буџетирање, а презентацијата на методологијата ја следеше и градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.
Оваа иницијатива е дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, реализиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, a финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.