Се известуваат родителите на децата кои оваа година ќе се запишуваат во прво одделение дека задолжителниот систематски преглед на видот можат да го закажат преку институцијата МОЈ ТЕРМИН со помош на матичните лекари.
Систематските прегледи ќе се извршуваат во просториите на кабинетот за ОРТОПТИКА, кој се наоѓа до очната амбуланта во Општа болница Прилеп, почнувајќи од 17.03.2025 година.

Прегледите ќе се извршуваат исклучиво со упат (термин) од матичен лекар.
„Се замолуваат родителите навремено да се пријават за систематските прегледи на нивните деца, за да не се создаде недостаток на термини во месеците мај и јуни“, велат од болницата.