Шпанскиот клуб Атлетик Билбао потврди дека е активирана ослободувачката клаузула во договорот на голманот Кепа Арисабалага од страна на англискиот клуб Челзи, а која изнесува 80 милиони евра.
„Кепа е многу, многу добар голман. Многу млад, но многу добар“, изјави менаџерот на Челзи Маурицио Сари.
Од Атлетик објаснуваат дека во моментов договорот на играчот е раскинат, а документите ќе бидат оформени по целосен пренос на средстава или со потпишување на гаранции.
Ако договорот стане факт, Челзи ќе го скрши рекордот на Ливерпул, кој даде 66,8 милиони фунти за Алисон на Рома. 23-годишниот Баскиец треба да биде замена на Тибо Куртоа, кој со месеци преговара со Реал Мадрид.