Загрижени граѓани до редакцијата на Инфо Компас испратија видео од денешната утринска состојба на патот за Старо Лагово, кај компанијата Изофас, каде поради дождот патот е повторно комплетно поплавен. Прашуваат зошто не се решава овој проблем кој трае со години.
„Што е толку комплицирано да се уреди овој дел од патот. Ова е срамота, постојано кога врне тука се прави буквално езеро. Кој ќе одговара ако се направи некоја штета. И проблемот не е само тука, туку се до селото Старо Лагово, поради неисчистените канали водата често излегува и го поплавува коловозот“, велат граѓаните.