ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Големи инвестиции во основните училишта во руралните места во Општина Прилеп

Образованието е еден од најважните приоритети во работењето на Локалната самоуправа во Општина Прилеп, па затоа од година во година се зголемуваат инвестициите кои значително го подобрија македонскиот образовен процес. Покрај многуте инвестиции во градот, не ги запоставивме и инвестициите во руралните средини. Истакнаа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„ООУ „Страшо Пинџур” од населеното место Мало Коњари е пример дека Локалната Самоуправа вложуваше во подобрување на условите за образование и за тамошните деца.

 

Зградата на централното училиште со средства во висина од 1.400.000 денари обезбедени од ЛС, доби нов кров и громобранска заштита. Нов кров доби и подрачното училиште во Кадино Село, инвестиција во висина од 960.000 денари обезбедени исто од буџетот на Локалната самоуправа. Извршено е внесување на санитарни јазли како во подрачното училиште во Кадино Село, така и во подрачното училиште во Големо Коњари, инвестиција во висина од преку 900.000 денари, обезбедени од Општината. Покрај овие проекти, извршена е промена на

внатрешна и надворешна столарија, поставени се нови патоси, ламинат, керамички плочки во сите училишта, за чија реализација беа издвоени околу 3.300.000 денари.

 

Во централното ООУ „Круме Волнароски” во с.Тополчани и осумте подрачни училишта во изминатите 12 години инвестирани се околу 300.000 евра. Во централното училиште во населеното место Тополчани, извршена е адаптација и санација на санитарни јазли, реконструкција на фискултурната сала, поставување на дренажа околу училишната зграда, одржување и санација на нова кровна конструкција, одржување и санација на подовите, промена на дограма, како и комплетна промена на електрична инсталација и светлосни тела во

училиштето.

 

Во подрачното училиште во Старо Лагово изграден е хидрофор капацитет за водоснабдување наменет за училишната зграда, адаптација и санација на санитарни јазли (со средства во висина од 285.000 денари обезбедени од МОН), реконструкција и санација на подовите, промена на дограма, просторно уредување на училишната библиотека и зголемување со нови литературни дела, како и корекција на кров, ѕидови и тавани за што беа издвоени преку 1 милион денари, обезбедени од Локалната самоуправа.

 

Во подрачното училиште во Беровци, извршена е адаптација и санација на санитарни јазли, поставена е нова монтажна училишна зграда, комплетна реконструкција на старата зграда, оградување на училишниот двор, набавка на училишен инвентар.

 

Во училиштето во Ново Лагово извршена е промена на дограма и изградба на детски забавен парк во училишниот двор, а за санација на санитарни јазли и училницата издвоени се околу 353.000 денари, обезбедени од буџетот на ЛС.

Во населеното место Галичани извршено е одржување и адаптација на училница во училишната зграда, инвестиција во вредност од околу 333.000 денари, проект инвестиран од Локалната самоуправа.

 

Во училиштето во Чепигово, инвестиравме во одржување и санација на санитарни јазли, за што беа издвоени 293.000 денари од буџетот на Локалната Самоуправа, а со средства од МОН поставено е ново монтажно училиште.

 

Инвестиравме и во училиштето во с.Загорани и тоа во метална ограда на прозорците, промена на олуци, смена и монтажа на брави за што беа издвоени околу 100.000денари, а за санација и реконструкција на кровот беа издвоени околу 350.000 денариод буџетот на Локалната самоуправа.

 

Во училиштето во Алинци покрај поставување на потпорен ѕид, поставена е ограда со две порти, вкупна инвестиција во висина од околу 346.000 денари, обезбедени од Локалната самоуправа.

 

Во подрачното училиште „Гоце Делчев” во село Голем Радобил инвестирани се 610.000, 849.000 денари се вложени за реконструкција и санација на подови и столарија во училишната зграда како и влезниот хол, во подрачното училиште во село Канатларци.

 

Покрај целосното реновирање во ПОУ во село Бонче, изградени се нови санитарни јазли, комплетно реновирање и санација на ѕидови, промена на дограма и столарија во ПОУ во село Ерековци.

 

Почитувани, ова се само дел од инвестициите во образованието во руралните средини. Ова се инвестиции кои докажуваат дека Локалната Самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано инвестира во образованието. Затоа граѓаните на 15-ти октомври, ќе ја наградат работата со уште една победа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи