ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Се надеваме дека Алаѓозовски најде време за посета на проектите што ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ

Негувањето на македонската култура, традиција и македонската историја за ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш биле и ќе останат приоритет во работењето. Токму во таа насока, континуирано инвестиравме во нивно негување, за што сведочат многубројните реализиран и проекти. Денес во посета на нашиот град дојде министерот за култура Алаѓозовски. Прашуваме, дали министерот посети дел од многуте проекти кои ги реализиравме во наше време? Запрашаа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Извршивме целосна реконструкција на Участакот или Меморијалниот музеј „11 Октомври кој претставува симбол за македонското националноослободително движење и борбата за сопствената држава. Дали министерот го посети овој објект, или во знак на антидржавниот договор со Бугарија, реши да го негира овој дел од македонската историја?

 

Ќе ве посетиме на дел од останатите реализирани проекти, кои денес министерот за култура можеше да ги посети.

 

Извршена е реставрација и конзервација на Саат-кулата, симболот на нашиот град, како и реконструкција на просторот околу градскиот часовник, проект за кој беа издвоени 15 милиони денари.

 

На барање на прилепчани, со средства од буџетот на Локалната Самоуправа и

Министерството за култура во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, започна да функционира киното „Мис Стон”, проект во висина од 11 милиони денари.

 

Во 2015 година, извршено е целосно реконструирање на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков”, која опфати претапацирање на над 600 седишта, нова сцена, нов систем за затоплување и промена на подот.

 

Во градската библиотека „Борка Талески”, покрај промената на инвентарот за која беа издвоени 220.000 денари, во 2013 година, беше реновирана големата читална, инвестиција во висина од 700.000 денари.

Во старата прилепска чаршија, успешно е реставрирана куќата на Бектешовци, проект во висина од 3 милиони денари.

 

Со помош на средства во висина од 3.000.0000 денари обезбедени од Министерството за култура во време на нашето владеење, извршена е реконструкција на источниот конак на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ –Варош кој е вреден примерок на високите естетски квалитети на традиционалната македонска архитектура.

 

Извршена е реконструкција на манастирскиот комплекс „Свето Преображение“ во с. Зрзе, асфалтиран е патот кој води до манастирот во должина од 8 км, инвестиција вредна 80 милиони денари.

 

Моментално, активно се работи на конзервација на конаците на црквата и трпезаријата, на магерницата во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, а до манастирот изградивме пат во должина од 7,5 километри во вредност од 1.8 милиони евра. 6.6 милиони денари, инвестиравме во локалниот пат с. Лениште – Манастир „Св. Петка“, каде претходно во употреба беше пуштен и водовод.

 

После 100 години, за првпат во Прилеп се изгради нова црква, „Света-Петка” во населба Точила, а покрај тоа беше изграден и осветен параклисот „Св. Елена и Костадин” во населбата Аличаир.

 

Изградени спомен обележја на Методија Андонов – Ченто, Прилепските бранители и Карпалак, спомен обележје на Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров, Блаже Конески и Круме Кепески, на Итар Пејо и Крал Марко.

 

Почитувани, ве потсетуваме дека пред скоро време истиот овој министер, направи невиден лапсус кажувајќи дека Војдан Чернодрински потекнува од Прилеп. Кога веќе решил да направи посета на Прилеп, се надеваме дека посетил дел од местата во кои ВМРО-ДПМНЕ инвестираше. Културата се негува со континуирани инвестиции во веќе постоечките како и изградба на нови објекти, а не со прошетки и терање на партиска агенда.

 

Воедно повикуваме СДС да не ги прекинува проектите од областа на културата во Прилеп, туку да даде поддршка за нивна комплетна реализација“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи