Мурињо на само неколку натпревари до импресивен рекорд на Ферги

Манчестер Јунајтед ја докажаа својата добра форма на почетокот на новата сезоната со последната победа над Евертон од 4:0. Оваа победа на неговиот клуб го доближи Мурињо на само неколку натпревари од еден импресивен рекорд, кој го држи тренерската легенда на Јунајтед, Фергусон.

 

Пред да започне сезоната се предвидуваше дека битката за трофејот во Англиската премиер лига ќе се води помеѓу двата клуба од Манчестер, слично како и минатата сезона, што се покажа целосно погрешно. Сепак оваа сезона ваквите предвидувања се целосно реални. После 5 одиграни кола во англиското првенство, двата клуба од Манчестер извојуваа по 4 победи и еден нерешен резултат, при што и двата клуба постигнаа по 16 голови, а примија само 2.

 

Со победата на Олд Трафорд над Евертон, Мурињо стигна до импресивна бројка од 33 натпревари без пораз на домашен терен. Со тоа тој се доближи на само 5 натпревари од импресивниот рекорд на Ферги од 37 натпревари без пораз на Театарот на соништата во Манчестер.

 

 

Иако голем дел од натпреварите минатата сезона завршија со нерешен резултат, сепак тоа се чини не им смета на навивачите на Јунајтед. После една ера од губење на натпревари на домашен терен, тие се среќни што Олд Трафорд повторно се претвора во една тешко освоива тврдина, под водство на менаџер кој има изгубено само 10 натпревари на домашен терен во текот на целата негова кариера.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи