Реал и Јуве во борба за асот на Ливерпул Садио Мане

Јирген Клоп и челниците на Ливерпул се подготвуваат за уште една војна на трансфер пазарот после сагата со Филипе Кутињо. Откако излегоа гласини дека по неуспешниот трансфер на Кутињо во Барселона, Каталонците тргнуваат по Мане, сега се појавуваат гласини дека Реал Мадрид и Јувентус исто така влегуваат во трката по Сенегалскиот напаѓач.

 

За време на летниот трансфер период, доминантни беа обидите на Барселона да потпише со Кутињо, кој што требаше да претставува замена за неговиот колега од Бразилската репрезентација Нејмар, кој претходно ги напушти Каталонците. Иако и самиот играч побара трансфер во Барса, сепак клубот од Англија остана цврст во својата намера да го задржи Бразилецот во своите редови. Сега Ливерпул се соочува со нова битка, откако гигантите од Европскиот фудбал покажаа интерес за нивниот напаѓач.

 

Губењето на Мане ќе претставува кошмар за тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Мане претставува клучен играч во тимот на Клоп, а тоа го докажа и со одличната партија во првото коло од лигата на шампионите, при нерешениот резултат со Севиља. Се чини тренерот на Ливерпул ќе направи сè што е во негова моќ да го задржи напаѓачот во своите редови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи