Илјадници евакуирани на Бали поради ерупиција на вулкан

Facebook
Twitter
Email
Print

Илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови на Индонезискиот остров Бали, откако поради активирањето на вулкан сеизмичка активност ги стресе дел од најпопуларните туристички места во светот.

 

Статусот на предупредување за вулканот Агунг изнесува три, еден помалку од максималното четири, поради што властите забранија движење во радиус од 6 километри околу кратерот.

 

„Вулканската активност останува голема и постојат индикации дека лавата е почната да се качува нагоре и да излегува на површина. Не треба да има никаква јавна активност околу зададениот радиус околу вулканот, поради можноста за ерупција“, изјави Сатупо Пурво Нугрохо од националната агенција за справување со катастрофи.

 

Околу 6000 луѓе се евакуирани во досегашниот период и според властите оваа бројка се очекува да расте.

 

Индонезија се наоѓа на „Пацифичкиот огнен прстен“, каде што се соединуваат неколку тектонски плочи и кои предизвикуваат 90% од светската сеизмичка активност. Поради тоа, на територијата на Индонезија има околу 130 активни вулкани, повеќе од било која друга земја во светот. Во серија на ерупции на вулканот Агунг, помеѓу 1963 и 1964, загинаа повеќе од 1000 луѓе, додека стотици беа повредени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи