Иран успешно тестираше балистичка ракета со дострел од 2000 километри.

Facebook
Twitter
Email
Print

Лансирањето на ракетата, која според официјален Техеран може да носи неколку боеви глави, повеќе од сигурно ќе предизвика нови тензии во односите со Вашингтон. Новата ракета беше претставена на воената парада одржана во петокот.

 

Иранската државна телевизија истакна дека Корамшар е третиот тип на балистичка ракета со која што располага Иран, а има дострел од 2000 километри.

 

 

 

 

Американскиот претседател Доналад Трамп, обраќајќи се во Генералното собрание во ООН во вторникот, истакна дека Иран ги развива своите ракетни способности и дека предизвикува насилство во Јемен, Сирија и другите делови од Средниот Исток. Трамп исто така беше критичен и кон договорот за нуклеарни оружја, кој САД и другите земји го потпишаа со Иран.

 

За време на воената парада, претседател на Иран Хасан Рухани истакна дека неговата земја ќе ги зајакнува своите ракетни капацитети, без притоа да бара одобрение од било кој друг. И покрај критиките за нарушување на договорот за нуклеарните капацитети на Иран, сепак Техеран инсистира дека ракетите не се наметени да носат нуклеарни боеви глави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи