Зидан сигурен во првата победа против Дортмунд

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е сигурен дека неговиот тим ќе се избори за првата подеба против Борусија Дортмунд на гостински терен во натпреварот од второто коло на лигата на шампионите.

 

Мадрид ја отвори новата сезона за одбрана на титулата со победата над Апоел во првото коло и се надеваат дека ќе го задржат првото место на табелата и после вечерашната утакмица на Сингл Идуна Парк.

 

„Тимот е во ред. Победивме во првото коло и сега сме среќни што ќе играме на овој прекрасен терен, каде што дишат и живеат за фудбал во лигата на шампионите“.

„Точно е дека немаме победа тука и ова гостување претставува предизвик за нас. Сакаме да одиграме една добра партија фудбал“.

„Не сум загрижен за искористување на шансите против нашите опоненти. Тоа за што се грижиме е добриот фудбал, а опонентите се тука да го направат тоа да биде потешко“.

„Верувам во тоа што го правиме и верувам во мојот тим. Ако постигнеме гол оваа утакмица ќе биде супер, но мора тоа да продолжиме да го правиме и за време на викендите“.

„Ла Лига е најкомплицирана, најтешка. Тешкотијата за нас во моментот е постојаното одржувањето на високо ниво на игра“.

„Можеби не сме брилијантни, но не сум загрижен околу тоа како ќе играме оваа сезона“, истакна Зидан на пресконференцијата во пресрет на натпреварот во лигата на шампионите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи