Никола Груевски останува без пасош

Facebook
Twitter
Email
Print

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд  Скопје 1 – Скопје го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски да му биде вратен пасошот.

 

Тричлениот судски совет од одделот за организиран криминал и корупција, на чело со судијката Лилјана Шопова, одлучи да одговори негативно на жалбата на Специјалното обвинителство и да не им одреди притвор на главните петмина обвинети во случајот „Титаник“, во кој што ова обвинителство ги товари за злосторничко здружување и за тешки изборни нерегуларности.

 

Истовремено, Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 решил да ги издвои „бомбите“ од случајот „Тендери“, по обвинението од СЈО. Советот проценил дека телефонските разговори се доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Република Македонија. Идентична одлука е донесена и за случаите „Топлик“ и „Тортура“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи