ВИДЕО – Ристески : Прилеп ќе добие нови индустриски зони, инвестиции и отворање на неколку илјади нови работни места

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески денеска на прес конференција најави нови индустриски зони, инвестиции и отворање на неколку илјади нови работни места.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

 

  1. Проширување на капацитетите на ТИРЗ – Прилеп.

 

  1. „Гентерм“ гради нов погон каде би се вработиле нови 1.000 лица

 

  1. Во погонот на ВИК ќе се отворат нови 1.500 работни места

 

  1. Во новоотворениот погон на „Акомпласт“ ќе се вработат околу 200 луѓе

 

  1. Доградба на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1 за отворање на нови фабрики. Тука моментално работат 500 лица, крајната бројка кога ќе се отворат сите погони ќе биде 1.500 нови вработувања

 

  1. Продажба на парцели во индустриска зона Прилеп 2. Моментално се продадени 5 парцели, на продажба се 7. Локалната самоуправа ќе ја изгради комплетната инфраструктура. Капацитетоt на зоната ќе биде од 500 до 1.000 нови вработувања.

 

  1. Се изработуваат нови Детални планови за нови индустриски зони кои ќе бидат лоцирани кај поранешната фабрика Црн Бор, на површина од околу 150 хектари

 

  1. Овозможување на проширување на домашните капацитети со помош на Општината преку создавање на услови за тоа

 

  1. Соработката на економско-социјален совет со стопанските комори, бизнис секторот, занаетчиите, малите и средни претпријатија ќе биде на највисоко ниво, исто како и досега

 

  1. Отворање на канцеларија за помош при развивањето и отворањето на нови бизнис идеи на сите млади луѓе

 

  1. Бизнис Старт-ап центар и бизнис инкубатор

 

За поддршка на новите бизниси планирано е отворање на Бизнис Старт-ап центар со бизнис инкубатор кој ќе биде сместен во простории кои ќе ги обезбеди самата општина. Ќе се обезбедат услови за сместување на најмалку пет фирми.

Поддршката на нови фирми (микро и мали претпријатија) ќе биде преку:

  • користење на простории за почетниот период од три години без паричен надоместок,
  • користење на опрема, заеднички простории, сали за состаноци, простор за организирање на настани
  • советодавни услуги, менторство и маркетинг
  • обуки за претприемачки вештини, менаџирање, изработка на бизнис планови и сл.
  • обуки за пристап до финансиски средства, ЕУ фондови
  • обуки за воведување на стандарди и др.

Како услов за користење на услугите на овој центар ќе биде бројот на нови вработувања, а предност ќе имаат младите лица на возраст до 35 години.

 

 

  1. Координација на образовниот систем во градот со техничките училишта за отворање на едукативен центар со паралелки кои ќе одговараат на потребите на домашните и странски инвеститори

 

  1. Дополнителен мотив за влез на нови домашни и странски инвеститори ќе биде изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп, кој го започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како и изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, чија изградба пред 2 години исто ја започна претходната Влада

 

  1. Со новиот ГУП и новите Детални планови, како и постоењето на ТИРЗ, Прилеп е најподготвена Општина за прием на нови инвеститори

 

  1. Доколку во Прилеп за период од 12 години невработеноста ја намаливме за над 11.000 лица, мојата заложба во иднина и заложбата на Советот ќе биде отворање на уште 7 до 10.000 нови работни места со што Прилеп ќе прерасне во Општина со најмала стапка на невработеност

 

  1. Гласајте за број 13 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

 

  1. Гласајте за нови инвестиции, нови работни места, гласајте за економски и моќен Прилеп

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи