Нови 30 дена притвор за Игор Југ

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на Игор Југ по проширената истрага што ја отвори Обвинителството.

 

Откако му заврши осумдневниот притвор што му беше одреден за учество во инцидентите на „крвавиот четврток“, Игор Југ беше однесен на распит во Обвинителството, а потоа во суд пред судија на претходна постапка. Обвинителството го товари за за неовластено поседување оружје и дека бил водач на групата која упадна во Собранието.

 

Од досега прибавените докази од Основното обвинителство произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието од 27 април годинава. Поради тоа, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка и за кривично дело „учество во толпа“ што ќе изврши кривично дело, за кое дело пропишана е казна затвор од една до 10 години, се вели во соопштението од обвинителство.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.