Серхио Агуеро повреден во сообраќајка во Амстердам

Facebook
Twitter
Email
Print

Напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Амстердам, неколку часови по концертот на Малума на кој што присуствувал Агуеро.

 

Полицијата во Амстердам дека две лица биле во такси возило што се судрило во реонот на Де Боелелан.

 

Агуеро се очекува да се врати во Манчестер, каде што ќе биде прегледан од медицинскиот тим на клубот, пред гостувањето во Лондон против Челзи оваа сабота. Првичните прогнози се дека има скршено ребра, што може да го оддалечи од фудбалските терени на два месеци. Сепак сè уште нема официјална потврда за повредите на Аргентинецот.

 

Напаѓачот на Сити се наоѓа во одлична форма на почетокот на оваа сезона и се наоѓа на само еден гол од израмнување на клубскиот рекорд на Ерик Брук од 177 голови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи