ВИДЕО – ЗАЕВ : Најавуваме нова пракса на функционирање на Општините

Премиерот на Р. Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев, заедно со кандидатот за градоначалниик на оваа партија за Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска на плоштадот пред градскиот часовник во Прилеп одржаа отворена трибина, на која одговараа на прашања од публиката.

 

Претходно Заев во изјава за медиумите истакна дека е среќен што кампањата се одвива во пријателска атмосфера, граѓаните биле заинтересирани за локалните избори затоа што општините бииле важен сегмент од секојдневното живеење. Вети нови инвестици во здравството, образованието, социијалната заштита, a зборуваше и за повеќе идни проекти кои планираат да ги реализиираат.

 

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски, рече дека народот мора на 15 октомври да ја заокружи победата и да се започне со реализација на голем број нови проекти, проекти кои ќе бидат особено значајни за младите. Јованоски зборуваше и за другите проекти кои планира да ги реализира во Прилеп доколклу ја добие довербата од граѓаните. Тој исто така го повика кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, на телевизиски дуел во МТВ.

 

Дадената изјава за медиумите ја пренесуваме во целост.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи