ВИДЕО: Започна 4-тиот по ред велосипедски настан „Тура преку Слива“

Во Прилеп започна 4-тиот по ред велосипедски настан „Тура преку Слива“. Организатор е здружението „Велосипед 2015“ со поддршка на Општина Прилеп. На манифестацијата учествуваат околу 150 учесници од повеќе градови на Македонија.

 

 

„Оваа година „Тура преку Слива“ се одржува по 4-ти пат и имаме учесници од цела Македонија. Преку превојот Слива се упатуваме кон Пелагонија и се враќаме повторно во Прилеп. Константно е во подем планинскиот велосипедизам, се повеќе учесници се решаваат на алтернативен начин на спорт. Прилеп важи за еден од поголемите центри за развој на овој вид на туризам“, истакна Душко Димкоски, организатор на манифестацијата.

 

„Ова ми е втора година како што учествувам на турата, досега се е супер, немам зебелешки и планирам и другите години да доаѓаме тука. Стазата е интересна, променлив терен, асфалт, земја, живописен предел. Пелагонија е специфична како регион. Во последните неколку години велосипедизмот е во подем бидејќи се појавија вакви здруженија во скоро сите градови кои го промовираат овој спорт“, кажа Спире Лазаров, учесник од Скопје.

 

Како што кажаа учесниците велосипедизмот во Македонија е во подем, особено планинскиот велосипедизам. Покрај тоа што велосипедизмот како спорт е добар за заштита на околината, тој е особено погоден за здравјето на оние кои го практикуваат и ширењето на позитивна енергија како помеѓу нив, така и кај останатите.

 

„Ова ми е трета година на Тура преку Слива. Доаѓам од Велес, од нашето здружение „Велес Бајкинг“. Бидејќи со Прилепчани сме збратимени, се поддржуваме секогаш кога организираат велосипедски настан. Патеката ја познавам добро, прекрасна е, живописна и им препорачувам и на другите велосипедисти да дојдат и да ги видат убавините на овој крај“, сподели со нас Сашко Тодоров, учесник на турата.

 

„Од здружението „Тиквешки токчагџии“ организирано доаѓаме четврта година по ред. Прекрасна тура и секоја година носиме сè повеќе и повеќе наши пријатели. Дружбата, здраво тело здрав дух, ширењето на позитивна енергија, тоа е најбитното нешто за подем на велосипедизмот во Македонија“, истакна Бојан Маринкович од Кавадарци.

 

„Со велосипедизам се занимавам од мај оваа година. Велосипедизмот е многу добар за заштита на околината и како што кажуваме во здраво тело здрав дух. Вакви тури има повеќе во Македонија, скоро во секој град“, изјави Мартина Николовска од Битола.

 

Учесниците ќе имаат можност да посетат и повеќе знаменитости меѓу кои : Макетата на црквата во с. Штавица, изградена за потребите на филмот „Пред дождот“ на М. Манчевски, праисториското светилиште „Палатица“ како и видиковецот „Св.Петка“ над с. Штавица, потоа летниковецот „Слива“ и Кралската гробница на археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ кај месноста Павла Чука. Попатно пак ќе има два освежителни пункта за учесниците, првиот на летниковецот „Слива“, а вториот во селото Подмол.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи