Од денеска започнува аплицирањето за зелена карта за САД

Facebook
Twitter
Email
Print

Од денеска започнува аплицирањето за зелена карта за САД, соопшти соопшти Стејт департмент.

 

Пријавувањето ќе започне во 18 часот и ќе трае до 7 ноември до 18 часот.

 

Електронскиот формулар ќе може да се најде на Интернет страницата www.dvlottery.state.gov и таму можат да се добијат и сите подетални инструкции за процесот.

 

Пријавувањето е бесплатно и може да се направи само еднаш, а копија од единствениот број за конфирмација треба да се чува барем до 30 септември 2019 година, бидејќи тој е единствениот начин да се провери дали некој е избран за иселеничка виза. Тоа ќе мора да се провери на 1 мај 2019 година.

 

Ќе бидат дисквалификувани сите оние кои ќе достават фотографија постара од шест месеци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи