Пуџдемон: Ќе прогласиме независност во наредниве денови

Facebook
Twitter
Email
Print

Карлес Пуџдемон, шефот на каталонската влада, во интервју за БИ-БИ-СИ изјави дека Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови.

 

„Ниту едно општество не треба да прифати состојба каква што не сака. Ако мнозинството се изјасни за независност, тогаш мора да следува политичка реакција“, изјави Пуџдемон.

 

Пуџдемон наведе дека ако Мадрид се обиде да интервенира и да ја стави под контрола каталонската влада тоа ќе биде „грешка што ќе смени се“.

 

„Тоа би била уште една грешка на долгиот список грешки. По секоја грешка станувавме посилни. Денеска сме поблиску до независност отколку пред еден месец. Секоја недела, по секоја грешка, добивавме поголема поддршка од општеството.“

 

Во цела Каталонија вчера имаше протести поради полициското насилство за време на забранетиот референдум за независност, при што беше побарано Европска Унија да интервенира во спорот помеѓу сепаратистичките каталонски лидери и Мадрид.

 

Шпанскиот крал Фелипе претходно нагласи дека актуелната ситуација во Каталонија е „многу сериозна“.

 

Два дена откако беше одржан неуставниот референдум за независност во Каталонија, шпанскиот крал наведе дека каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.

 

Тој исто така, констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи