ЈКП „Комуналец“ : СДСМ лаже, никогаш не биле обезбедени 20 милиони евра за депонија, a се што ветува веќе е остварено

Почитуван кандидат за градоначалник  Илија Јованоски Вашите обвиненија кои ги изрековте на сметка на ЈКП „Комуналец“-Прилеп,  се невистинити и не само што се штетни за „Комуналец“ , туку наштетуваат на градот и граѓаните. Истакнаа денеска во соопштение од ЈКП „Комуналец“ Прилеп, како реакција на прес конференција на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски.

 

„Велите дека сте имале обезбедено 20 милиони евра за изградба на депонија. Такви пари ниту видовме, нити видовме некој  Договор,  за кој Проект, за кои потреби,  и кој ги дава тие пари.  Концептот на  ЈКП „Комуналец“, е да не правиме депонија, ниту пак да учествуваме во замислената Регионална депонија во пелагонискиот плански регион,  туку целиот отпад  да се преработи. Тука се разликуваме , зашто ние одиме етапно да го решаваме отпадот,  со цел,  граѓаните да не ги оптовариме со непотребни трошоци за високи сметки . Знаете ли  господине Јованоски  колку чини депонирањето по тон во санитарна депонија. Незнаете,  затоа и изнесувате невистини , со цел замајување на јавноста.

 

Вие велите дека ќе градите  депонија, а Европа ги напушта таквите концепти, токму заради искористувањето на секоја суровина од отпадот.  Велите дека  отпадот е суровина  која треба  да се искористи, или  ни давате школски пример  за отпад и не учите  .  А, што работиме ние од 2011 година во делот на примарната селекција . Одвојуваме отпад и го продаваме . Над половина милион евра сме продале отпад, затоа и инвестираме во тој дел.  Ќе сте произведувале  биогас  од  органскиот отпад, а немате пресметка  колку неоргански отпад е потребен. Говорите паушално без истражувања , без податоци. Велите дека ќе градите фабрика за преработка на отпад. Па нели на истото место каде го држите пресот гледате дека веќе „Комуналец“  ја  гради  фабриката. Во еден прес велите дека машината за преработка на отпад лежи 4 години, во друг велите дека лежи 6 години. Што и да речете,  ние не сме работеле недомаќински, туку  набавивме капитална инвестиција и ја исплативме.

 

Не обвинувате за примарната селекција и кантите за отпад. Што да речеме, граѓаните во своите дворови ги гледаат кантите и благодарение на нив , ние селектираме отпад.  Говорите за подземни контејнери, веќе такви се поставија во  Градскиот пазар и во програма е подземните контејнери да ги градиме во 2018 и 2019 година. Сте  планирале да набавите 2 возила за подигање на отпад. Господине Јованоски,  од 2006 година до сега ние имаме возен парк со 40 возила, а од Ваше време  наследивме 8 возила,  од кои половината неисправни. Со две возила  почитуван Јованоски не се подигаат 100 тони отпад дневно“, велат од ЈКП „Комуначец“ – Прилеп.

 

Од ова јавно претпријатие реагираа и на денешната втора прес конференција на СДСМ.

 

„На почеток  изразуваме голема благодарност до граѓаните кои си ги плаќаат сметките и наплатливоста во Комуналец  е  90 %.  Она за кое не обвинувате дека  се чувале во фиока,  се  судски пресуди кон граѓани и се чуват јавно во секторот за финасии и сметководство. Ние сме спровеле судска постапка, и граѓаните во рамките на нивните можности се јавуваат и си го подмируваат стариот долг. Не сме се осудиле да одиме ригорозно преку извршители, како што ни наложувате Вие, туку сме овозможиле стариот долг да го плаќаат на рати. Сепак сме живи луѓе, и ова се стари неннаплатени побарувања од граѓани, а повеќето и од ваше време.  Ако говориме за граѓаните, слушнете се што пропагирате, и какви методи на присилна наплата планирате.  Можностите  за плаќање сите граѓани подеднакво ги немаат . А, Комуналец по  закон е должен да им го подигне ѓубрето. Уште еднаш напоменуваме сега наплатливоста е 90 %.

 

Обвинувате дека  не сме плаќале ДДВ.  Веднаш да Ве информираме , а гледаме не сте знаеле дека Комуналец   го плаќа  тековното ДДВ.  По однос на неплатено ДДВ  од 25 .000.000,оо милиони денари  , зошто не прашавте од кое време е ова ДДВ и не беше 25.000.000,оо денари , туку 32.000.000,оо ден. . Ако не сте знаеле  господине Јованоски требало да Ве информираат , дека ова ДДВ е од времето на  Вашето раководење , и благодарение на државата и Управата за јавни приходи,  кои имаа слух  за сите јавни претпријатија во Македонија  да не пропаднат уште тогаш,  дозволија  ова ДДВ  да се отлаќа    до 2023 година.

 

Повторно се навраќате на Линијата за селекција на отпад, веќе Ви кажавме дека  Линијата ниту јаде, ниту пија, а најмалку рѓосува , како милувате да говорите . Купена  е, исплатена е,  и  во секој момент ќе ја инсталираме во  фабриката за селекција на отпад,  која се гради и која имавте можност да ја видите денес  дека е во напредна фаза.

 

Велите дека сме потрошиле пари за  адвокатски и судски трошоци. Точно е господине Јованоски. Едно прашање лично до Вас. Зошто  Вие изминативе 10 години не го тужевте  Медицински центар  за исплата на  К-15. Вие сте на државно ниво, ние на локално. А , не важат исти аршини, далеку од тоа што ЈКП „Комуналец“  нема такви редовни пари да исплаќа  К-15.  И заборавивте да кажете дека плаќаме и Новогодишна награда и плус јубилејни награди. Не се прашувате господине Јованоски,  дали граѓанинот може да ги издржи нашите желби, дали бизнис секторот може да плаќа повеќе од она што плаќа. И не сме потрошиле, туку сме морале, зашто некој од надвор изиграл политика со вработените да се впуштат во тужење. За што  да одговораме навистина не Ве разбираме. За тоа што од 2009 година имаме иста сметка кон граѓаните, за тоа што сме прв град на Балканов кој спроведува примарна селекција, за чистиот град, за изградбата на капитални објекти, за возен парк  кој  ја опслужува  целата општина,  за  депонија која  ја одржуваме во континуитет и е видлива од  патот  Прилеп- Битола“, реагираат од ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи