Доживотен договор за Иниеста во Барселона

Facebook
Twitter
Email
Print

Многу малку работи со сигурност може да се каже дека се доживотни. Уште помалку тоа важи во светот на фудбалот. Сепак тоа не важи и за Андрес Иниеста, кој што потпиша доживотен договор со својот клуб Барселона.

 

Каталонскиот гигант ги потврди вестите за потпишувањето на новиот договор со својот капитен, ставајќи крај на шпекулациите за иднината на овој фудбалер. Веднаш по потпишувањето, Барселона излезе со видео посветено на Иниеста, истакнувајќи ја долгогодишната кариера на „Дон“ Андрес во клубот.

 

 

По своето деби во дресот на Барса во 2002 година, Иниеста забележа 639 настапи на кои што постигна 55 голови, помагајќи им  на Каталонците да освојат осум Примера титули, пет Шпански купа и четири трофеи во Лигата на Шампионите, со што се постави себеси меѓу најголемите, најдобрите фудбалери од средниот ред во историјата на фудбалот.

 

Одличен успех има и со фудбалската репрезентација на Шпанија со која освои две Европски првенства и едно Светско, каде во финалето во 2010 година против Холандија успеа да го постигне единствениот и победнички гол на натпреварот, со што за прв пат во својата историја ја круниса Шпанија како Светски шампион.

 

Потпишувањето на доживотен договор со Барселона му гарантира дека по завршувањето на својата кариера како играч, Иниеста ќе остане во клубот завземајќи друга функција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи