ВИДЕО – Ристески : Продолжуваат инвестициите во спортот

Со инвестицирање  во спортот  инвестираме во здрави поколенија! Со инвестирање во спортот, инвестираме  во младите ,а вложувањето во спортот е една од суштинските определби на ВМРО-ДПМНЕ! Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во изминатите 12 години во Прилеп изградивме  четири спортски сали,балон сали,повеќенаменски игралишта,стадиони со вештачка трева,тениски игралишта,вештачка карпа за болдеринг,летилишта за параглајдинг,маунтин бајк патеки,скејт парк, мотокрос патека, ги реконструиравме постоечките училишни сали и игралишта и набавивме нови спортски реквизити  и Прилеп го направивме центар на Балканот за екстремни спортови за европски и светски натпревари.

 

Но имаме уште работа, имаме уште проекти за реализација кои се реална потреба на нашите сограѓани. Проекти кои се предлози на нашите сограѓани!

 

Во наредните 4 години ќе работиме на :

 

  • Завршување на комплетната реконструкција и санација на градскиот стадион.

 

  • Целосно ќе се реконструираат трибините, ќе се постават нови столчиња, ќе се покријат јужна и северна трибина, ќе се изградат нови трибини- западна и источна , ќе се реконструираат просториите за официјални лица, комплетно ќе се уреди спортскиот терен и ќе се постави целосно ново осветлување. Со ова градот ќе добие  спортски комплекс достоен на својата фудбалска историја кој ќе биде изграден согласно високите критериуми на UEFA и на кој ќе се играат вечерни и официјални меѓународни натпревари.

 

  • Ќе продолжиме да ги поддржуваме најголемите спортски клубови ФК Победа и РК Прилеп! Клубовите кои се гордост на сите прилепчани! Клубови на кои им го вративме сјајот на прволигаши, благодарение на добрата соработка со бизнис секторот од градот

 

  • Поранешниот фудбалски терен „Металец“ ќе прерасне во модерен теренски комплекс на ФК Победа

 

  • Довршување на започнатите и изградба на нови фудбалски игралишта во населените места: Алинци, Канатларци, Големо Коњари, Мажучиште, Селце и Галичани

 

  • Поставување на подлога со вештачка трева на фудбалските игралишта во ООУ „Рампо Левката“, ООУ „Гоце Делчев“, Гимназијата „Мирче Ацев“ и студентскиот дом „Орде Чопела“

 

  • Инфраструктурно и содржински комплетирање на спортската Арена Лагово: маунтбајк патеки , стаза за картинг и други содржини

 

  • Ќе изградиме нов спортски комплекс на локација кај ООУ „Рампо Левката“,каде ќе може да се игра кошарка, фудбал, ракомет и одбојка

 

  • Ќе изградиме повеќенаменско игралиште во населеното место Канатларци и Големо коњари.

 

  • Ќе изградиме две нови тениски игралишта во град Прилеп во ООУ „Рампо Левката“ и во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“

 

  • Изградба на трим-патеки по коритото на градска река

 

  • Општина Прилеп ќе субвенционира купување на нови велосипеди

 

  • Ќе поставиме на маси за пинг-понг на 5 локации во градот

 

Изградба на 5 баскет игралишта на 5 различни локации во град Прилеп и тоа:

 

Точила

Ѓордере кај зградите

Типската населба кај стадионото со вештачка трева

Под Кули,

Бончејца помеѓу зградите

 

 

Во соработка со Федерацијата за училиштен спорт ќе продолжиме со поддршка на училишните спортски лиги

 

Продолжуваме со Поддршката на спортските клубови и спортската академија

 

Поддршка како и до сега на сите на сите спортски инвестиции

 

Затоа на 15 Октомври ќе заокружиме број 13, за младите ,за спортот, за Прилеп и Република Македонија“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи