ВИДЕО : Празникот „11 Октомври“ свечено одбележан во Прилеп

Со положување на свежо цвеќе и оддавање на почит на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски – Питу и Могилата на Непобедените денеска во Прилеп свечено беше одбележан националниот празник „11 Октомври“. На одбележувањето присуствуваше и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, делегациија на Министерството за одбрана и Генералштабот предводена од Радмила Шеќеринска, Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, претставници  на Собранието, Сојузот на борци, претставници на странски амбасади, политички партии и граѓански здруженија.

 

 

Од Сојузот на борци истакнаа дека 11 Октовмри е прво ослободително движење на Македонија, покрај другите востанија кои се воделе во Македонија и биле со краток рок. Почитувачите на ликот и делото на борците рекоа дека прилепчани треба се горди на денешниот ден затоа што Прилеп дал врвни револуционери за време на фашистичката окупација. Според нив Прилеп градот Херој секогаш достоинсвено го одбележувал денот на востанието на македонскиот народ и така требало да продолжи и во иднина.

 

„Пораката од организацијата на борци е дека на македонскиот народ му треба сплотеност, единство, одредени компромиси и усогласувања за да опстани ова парче земја на една поголема географска територија затоа што ние треба да мислиме за иднината на нашите поколенија, да останат тука, а не да одат во други држави. Затоа треба солидни политики, било на економски или општетсвено-политички план и сплотеност“, рече Круме Соколоски, претседател на Сојузот на борци

 

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска истакна дека непобедени се сите кои се бореле за слобода и поради нивната борба пред многу години денеска Македонија е независна и суверена држава.

 

„Секоја генерација има своја борба и Македонија покажа дека е зрела понатаму да се избори за својата стабилност, безбедност и за својот економскин просперитет. Денеска кога оддаваме почит на сиитет борци кои го положиле животот за денешна Македонија време е да се потсетиме и на оние кои денес ја бранат Македонија и нејзиините интереси. И затоа ми беше задоволство уште вчерав да кажам дека Владата успеа да обезбеди средтсва во буџетот за 2018 година за 10% зголемување на платите на целиот армиски состав“, рече министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

 

Министерот за Транспорт и врски Горан Сугарески, на сите граѓани во име на Владата им го честиташе празникот.

 

„Во името на Владата и во мое лично име сакам да го честитам 11 Октомври на сите граѓани – денот на вековната борба за слободна и независна Македонија. Сакам да оддадеме огромна почит на сиите оние кои ги дадоа своите животи за денеска во Македонија да живееме слободно и онака како што ние сакаме да живееме. Борбата за европска Македонија продолжува за она што значи слобода демократија, човекови права. Процесите кои се започнати во Македонија ќе продолжат и Македонија ќе стане пристојно место за живеење, ќе живеат по сопствена волја и нема да го дозволиме егзодусот кој сега се случува“, кажа Горан Сугарески,  министер за Транспорт и врски.

 

На Могилата свежо свеќе беше положено и на споменикот Жена борец, како и на Алејата на Непобедените каде се наоѓаат бистите на Народните херои.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи