Зоран Заев: Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ

Кога на секого му е јасно дека Никола Груевски е минато, недозволиво е Прилеп да остане неосвестен. Прилеп прв се освестил кога требало, тука пукнала првата пушка, затоа 15 октомври ќе биде новиот 11 Октомври за Прилеп и за Македонија, јас сум убеден дека Прилеп повторно ќе крене востание и повторно ќе победи. Ова вечерва го порача лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев од партискиот митинг во Прилеп.

 

Доста беше лажен патриотизам. Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ.

 

„Со сите пет соседи бевме скарани. За четири месеци не само што изградивме пријателства со сите соседи, туку тие ни станаа сојузници. Со пријателство Македонија ќе оди напрад. Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со Европската Унија. И со Грција која има проблем со нашето уставно име изградивме пријателство. Македонија ќе го реши проблемот и ќе бидеме горди Македонци и ќе покажеме на сите дека Македонија може да решава проблеми со пријателство и со добар дух“, рече Заев.

 

Тој е убеден, како што напомена дека ќе има огромни разлики на изборите.

 

„Слушам дека и Марјан Ристески не сакал да се кандидира за четврти мандат, но морал. Ама ајде да му ја исполниме желбата и да не биде поворно градоначалник. Прилеп е најважен и најголем град во мојата четврта изборна единици и конечно победува. Сакам во Прилеп да ја завршиме работата уште во првиот круг, му личи, тоа е град борец. Дојде време да се сменат работите, но треба сите да придонесеме за тоа. Амбиентот во Владата е да продолжи децентрализацијата, да се поттикне регионалниот развој и да се овозможат 100 милиони евра за оваа намена“, подвлече Заев.

 

Заев вети целосна поддршка од централната власт и од Парламентот за проектите за развој на Прилеп.

 

„Определба на Владата е да ја продолжиме децентрализацијата. Имаме намера социјалната заштита и здравствените домови да бидат под локалните власти. Прилеп ќе ја добие мојата и поддршката на Владата и на Парламентот. Ќе стоиме и јас, и Владата, и Парламентот за гасификација на Прилеп, за нов модерен театар, за регулирање на депониите, за водоводи и канализација во селата, поголеми субвенции за тутунарите, како и поддршка за Ромите“, изјави Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи