Започнаа градежните работи за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Денеска се поставуваа столбовите за рефлекторите. Претходно беше изградена потребната електрична инсталација, како и стопите за столбовите.
Исто така во тек е поставување на челичната конструкција која ќе служи за покривање на северната, малата трибина. Ќе се реконструира и трибинскиот простор со целосно нови седишта, санација на придружните објекти, како соблекувални, канцеларии, санитарии и други.
Во состав на овој проект се планира и целосна изградба на подтрибинскиот простор од страната на ул. „Александар Македонски“.
Напролет се очекува да започне и комплетно уредување на јужната, големата, трибина и на другиите делови од стадионот.