Почина професионален војник на АРМ по гаснење пожар на Криволак

Facebook
Twitter
Email
Print

Триесет и пет годишниот професионалчен војник О.Х. починал синоќа откако претходно со свои колеги учествувал во гаснење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од страна на единица на АРМ. Војникот по гаснењето на пожарот бил префрлен во Здравствениот дом во Неготино каде и починал.

 

„По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана смрт“, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

 

Случајот и причините за овој несреќен случај во текот на вечерните часови се испитувале од истражен судија кој извршил увид.

 

Телото е предадено на обдукција и по објавувањето на официјалниот извештај од Институтот за судска медицина во Скопје, ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи