Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска, ден пред одржувањето на локалните изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.882 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, девет внатрешно раселени лица, како и немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

 

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќниоте лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.

 

Локалните избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1.814.644 избирачи. Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 се на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

 

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

 

На локалните избори учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

 

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.

 

Ова се шести локални избори во Македонија. Првите локални избори се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, во 2009 и последните во 2013 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи