ДИК: СДСМ води во Скопје и 50 општини, ВМРО-ДПМНЕ во 9 , ДУИ во 12 општини

Од досега обработените 98,22 проценти или од 3.418 од вкупно 3.480 избирачки места кандидатите за градоначалници од СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во девет, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.

 

За Град Скопје, кандидатот на СДСМ Петре Шилегов води со 50,07 проценти во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски со 35,99 проценти и најверојатно ќе биде избран за градоначалник уште во првиот круг.

 

Мирен изборен ден со нерегуларности, е првичната оценка на претседателот на Државната изборна комисија, Чичаковски.

 

„Дадовме генерална оценка на изборите дека истите поминаа во фер и демократска атмосфера, согласно процедурите утврдени со Изборниот законик. Во текот на денот, Избирачките одбори, Општинските изборни комисии се соочуваа со некои технички проблеми, меѓутоа ДИК преку соодветни упатства и инструкции ги надмина и сметам дека генерално имавме успешен изборен ден“, изјави Чичаковски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien