Оцени дека изборите биле исклучително фер, демократски и регуларни и оти на нив, како што рече, победиле сите со слободно изразената волја. Со тоа, истакна, се даде поддршка на едно општество за сите и за раст и развој.
„Најважно е што граѓаните победија. Им порачувам на советниците и градоначалниците дека ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега е поголема. Во Македонија има живот за сите. Сега нема изговор. Засукуваме ракави за сите граѓани во нашата убава Македонија. Народот тоа го заслужува. Заедно сме сплотени во едно општество за сите, само сплотени и Македонија ќе оди напред. Им порачувам на сите носители на функции, внимателно да си го слушаме народот. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, како тие ќе диктираат, ние ќе работиме. Има да има правило, има да има транспарентна власт. За тоа нè задолжија сите. Радоста е голема, но одговорноста е поголема. Вредеше борбата и жртвата, вредеше заради нашата Македонија. Вечерва да прославиме, од утре одговорно и посветено да работиме. Ние сме одговорна власт пред сите граѓани. Има да работиме за сите граѓани. Македонија е на сите, сите општини се важни. Во вториот круг со почит кон граѓаните. Очекувам секаде да победиме, но со секој наш чекор покажуваме кои сме. Имаме право да се веселиме после низа години. Нека се радува и весели вечерва Македонија. Македонија моја доаѓаат добри времиња за тебе, бидејќи ти си сè што имаме. Нека ни е вечна добрата иднина, за секоја општина, да живее Скопје да живее Македонија“, изјави Заев.