Граѓаните чуваат 3,8 милијарди евра во банките и штедилниците

Facebook
Twitter
Email
Print

Според Фондот за осигурување депозити на Република Македонија македонските граѓани во моментов имаат 3,8 милијарди евра заштеда во банките и штедилниците во земјава. Повеќе од половина или 50,5 проценти, се во денари, а 49,5 проценти во евра.

 

Директорот на Фондот за осигурување депозити на Република Македонија Борче Хаџиев, вели дека депозитите на граѓаните во банките и штедилниците во земјава се безбедни и сигурни.

 

„Штедните влогови на секој штедач во висина до 30 илјади евра во денарска противвредност се осигурани во Фондот и се безбедни. И ако некоја банка или штедилница има некој ризичен настан тие штедачи се обесштетуваат”, појаснува Хаџиев.

 

Според Хаџиев поголемиот дел заштеди во денари најверојатно се должи на повисоките каматни стапки на овие штедни влогови, но и на стабилниот курс на денарот. Порачува дека е добро граѓаните да штедат и дека не е важно во која валута.

 

Граѓаните најмногу им веруваат на големите банки и таму се и најголемиот број депозити. Хаџиев додава дека најголемиот број штедни влогови се до 30 илјади евра.

 

„Тој износ е гарантиран, но има и депозити над овој износ. Поголем дел се до 30 илјади евра. Граѓаните го знаат тоа и сами го дисперзираат ризикот со ставање депозити во повеќе банки или на повеќе лица од фамилијата”, рече во интервјуто директорот на Фондот за осигурување депозити.

 

Со влезот на Македонија во ЕУ овој износ ќе се зголемел на 100 илјади евра, како што било во земјите на Европската унија, но дека и ќе се осигуруваат и штедните влогови на правните лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи