Спасени две Aмериканки после пет месеци поминати на сред море во расипан едреник

Facebook
Twitter
Email
Print

Две жени и нивните кучиња се спасени од лудата пловидба по Тихиот Океан, откако ги пронајде американската морнарица.

 

Џенифер Апел и Таша Фуиаба запловиле на 30 март, а брод на американската морнарица ги спаси во средата наутро. Двете се упатиле од Хаваите кон Тахитите во Француската Полинезија. Сепак, бродот доживеал технички проблем и не ги однел на посакуваната дестинација, па завршиле загубени на сред море.

 

Иако во текот на првите два месеци секојдневно испраќале сигнали за помош до Американската морнарица, во соопштението за јавноста се тврди дека бродот не бил доволно блиску до брегот или до другите бродови за тие да слушнат.

 

Преживеале благодарение на пречистувачи за води кои ги носеле со себе и залиха на храна доволна за година дена. Храната главно се состоела од ориз и тестенини.

 

Првобитно се забележани на 1.448 километри од брегот на Јапонија, а ги открил тајвански рибарски брод. Тој брод ја контактирал крајбрежната стража на Гуам, која пратила координати во Спасувачкиот центар во Тајпеј, на Јапонскиот центар за координација и Координацискиот центар во Хонолулу.

 

Бродот USS Ashland бил во близина па го открил едреникот на кој биле двете жени. Тие се спасени, добиле храна и лекарска помош и ќе останат на бродот додека тој не биде повикан на пристаниште.

 

„Многу сум благодарна на сите. Ни ги спасија животите. Не можам да ви ја опишам гордоста и насмевката на моето лице кога го видов бродот на хоризонтот“, рекла едната од нив.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи