Спектакуларен трансфер: Гризман доаѓа на „Камп Ноу“?!

Facebook
Twitter
Email
Print

Францускиот интернационалец Антоан Гризман на лето и дефинитивно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а се чини дека ја одбра и својата следна дестинација. Тој ќе направи спектакуларен трансфер во каталонскиот гигант Барселона, ако може да се верува на најавите на „Мундо Депортиво“.

 

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и изминатово лето се поврзуваше со преселба на Камп Ноу, но „Колчонероси“ се заштитија со откупна клаузула од 200 милиони евра, сума која беше превисока за Барса. Сепак, по крајот на сезоната работите ќе се променат, Антоан Гризман ќе биде достапен за 100 милиони евра, што за играч од негов калибар, доколку земеме во предвид како се одвиваат работите на трансфер маркетот, јасно е дека и не се веќе преголема сума и се бројка која „Каталонците“ се спремни да ја платат.

 

Интересот за Антоан Гризман е голем. Заинтересирани се повеќе големи европски клубови како Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, но и шпанските ривали Реал Мадрид и Барселона.

 

Иако минатото лето беше на чекор до Јунајтед, сега шансите се мали. Лукаку е првата ѕвезда на тимот, а ќе се врати и Ибрахимовиќ. Ни самиот Гризман не е толку заинтересиран, доколку споредиме со останатите понуди, односно можности ако остане во Шпанија.

 

Па според „Мундо Депортиво“ Барса не сака да губи време и веќе е остварен контакт со агентите на играчот. Повратните информации биле позитивни, репрезентативецот на „Триколорите“ бил поласкан и возбуден од интересот бидејќи играњето покрај Лео Меси ќе значи голем скок во кариерата. Имено, Гризман не сака во Реал, иако тие би платиле и повеќе од 100 милиони. Барселона за него е опција која не би ги повредила навивачите на Атлетико, а и Каталонците би добиле играч за соништа кој би го заменил Нејмар.

 

 

 

Се зборува дека и неговата сопруга сака тој да остане во Шпанија.

 

Во овој момент, тој е поважен од Кутињо, против чие пристигнување се неколку играчи на Каталонците, а сигурно и дека Гризман ќе биде поевтина опција од Бразилецот, колку тоа и да звучи чудно.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи