Вардар е најдобар тим во Европа според најновото рангирање на ЕХФ

Медиа пулот на ЕХФ лани се покажа како добар прогнозер најавувајќи дека Вардар ќе стигне до Ф4 турнирот во Келн. Во своето прво рангирање на клубовите од лигата на шампионите во новата сезона сега новинарите што работат за сајтот на EHFCL.com повторно имаат добри вести за „црвено-црните”.

 

Црвено-црните ја бранат европската титула освоена во јуни годинава во Келн, а европскиот и македонски гигант стартуваше одлично во новата сезона и досега има четири победи и едно реми во првите пет кола, а со ваков скор во Лигата на шампионите е уште и унгарски Веспрем.

 

Според ЕХФ, Вардар е прв фаворит да стане прв тим што успеал да го одбрани европскиот трон.

 

„Базирано на формата на почетокот на сезоната, Вардар изгледа како сериозен конкурент да ја прекине „неславната традиција” и да биде првиот што ќе ја одбрани титулата од Келн. Со најдобрата одбрана во ЛШ, тимот од Скопје го нема сега Алекс Душебаев, но тоа го надомести со аплауз по импресивната победа против Барселона задржувајќи го првото место во Група А, и во ова рангирање”, се вели во објаснувањето напишано за Вардар.

 

 

Вардар ја има најдобрата одбрана која досега прими само 116 голови, а во регионалната СЕХА лига има серија од шест триумфи по ред сезонава, најдобриот напад и најдобрата одбрана.

 

Прво рангирање за сезоната 2017/2018
10. Нант
9. Мешков
8. Монпелје
7. ПИК Сегед
6. Рајн Некар
5. Флезнбург
4. Барселона
3. ПСЖ
2. Веспрем
1. ВАРДАР

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien