ВИДЕО: Барди со нов гол, влезе во топ 10 стрелци во Ла Лига

Facebook
Twitter
Email
Print

Нашиот репрезентативец Енис Барди продолжува со фантастичните игри во дресот на Леванте. Младиот играч за врска синоќа на мечот против Еибар повторно ги „почести“ своите фанови со фантастичен гол и уште еднаш потврди дека е зрел за големи натпревари против далеку подобри екипи.

 

Барди сега го дели приматот најдобар стрелец во својот тим со четири голови, колку што има и Хозе Луис Моралес. Само осум фудбалери во Ла Лига имаат постигнато повеќе голови од македонскиот репрезентативец.

 

 

Досега, Барди на теренот помина 625 минути, а даде четири погодоци. Беше стрелец на мечевите против депортиво Ла Коруња (2:2), Валенсија (1:1), Сосиедад (3:0) и синоќа против Еибар (2:2). Кога ќе се подели времето поминато на терен, со постигнатите погодоци, испаѓа дека на Барди му се потребни 156 минути за да се израдува на погодок.

 

Интересен е податокот што зад Барди во листата на најдобри стрелци се наоѓаат неколку големи имиња како што се, Луис Суарес (3), Антоан Гризман (3), Герет Бејл (2) и Кристијано Роналдо (1 гол).

 

Не е ни чудно што скаути на големи екипи како ПСЖ и Интер веќе ги следеле натпреварите на Енис Барди и веќе покажуваат интерес за неговите услуги. Ако продолжи да игра во ваков стил во текот на целата сезона, нема да биде изненадување доколку Леванте следното лето го продаде нашиот интернационалец во некој голем клуб.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи