Луис Хамилтон е новиот шампион во Формула 1

Facebook
Twitter
Email
Print

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон повторно е светски шампион во Формула 1. Британецот ја освои својата четврта шампионска титула, откако го зазеде деветтото место во трката за Големата награда на Мексико, на која пак победи Макс Верстапен од Ред Бул.

 

Хамилтон пред трката имаше 66 поени предност и за титулата му беше потребно да се пласира меѓу првите пет, без оглед на резултатот на Себастијан Фетел од Ферари, или да заземе било која позиција, но Фетел да не е на едно од првите две.

 

Хамилтон на крајот го освои деветтото место, а Фетел заврши како четврти, што беше доволно за титула, бидејќи на две трки пред крајот Хамилтон има недостижни 56 поени повеќе, а за победа се добиваат максимални 25 поени.

 

По неговиот успех, Хамилтон го изедначи бројот на титули освоени со легендата во “Кралската трка” Ален Прост, како и неговиот главен ривал Себастијан Фетел од Ферари оваа година.

 

Фетел го поздрави Луис Хамилтон за четвртата титула во Формула 1. Германскиот пилот на Ферари го призна заслужениот триумф на братанецот од тимот на Мерцедес.

 

„Луис заврши неверојатна работа во целата сезона и дефинитивно ја заслужи титулата. Честитки за него, тоа е неговиот ден. Не се плашам од него, туку сакам да се натпреваруваме. Ќе биде добро да има интрига уште долго време. Генерално во Мерцедес беа доста добри во текот на годината“, прокоментира Фетел по гран При на Мексико.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи