Џеф Безос oсновачот на Амазон стана најбогатиот човек на светот

Со нето состојба од 90.6 милијарди долари, главниот извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос го надмина Бил Гејтс и го зазеде првото место на листата на најбогатите луѓе во светот, според „Real-Time Billionaire Rankings“ на „Forbes“. Безос е веќе 3,1 милијарда долари побогат од Гејтс.

 

Акциите на „Амазон“ се зголемија поради добри финансиски резултати за третиот квартал од оваа година. Компанијата објави приходи од 43,7 милијарди долари, што е повеќе од очекуваните од аналитичарите – 42,1 милијарди долари. Синџирот со продавници за намирници „Whole Foods“ која „Амазон“ ја купи порано во текот на годината оствари 1,3 милијарди долари приходи за периодот.

 

Кога претходно овој месец „Форбс“ ја објави својата листа на 400-те најбогати луѓе во САД, Безос беше на второ место со 7,5 милијарди долари помалку од Бил Гејтс. Безос се приклучи за прв пат на овој список во 1998-ма година, една деценија откако „Амазон“ стана јавна компанија, со богатство од 1,6 милијарди долари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи