Тевдовски: Предлог – буџетот прво пред јавноста, па потоа во Влада

Facebook
Twitter
Email
Print

Предлог- буџетот за 2018 година е веќе подготвен и пред да биде усвоен од Владата ќе биде даден на увид на јавноста, изјави денеска министерот за финасии Драган Тевдовски, по одбележувањето на Светскиот ден на штедењето организирано од Здружението на банкарство при Стопанската комора.

 

Министерот за финансии најави дека в четврток ќе биде организирана јавна дебата на која ќе се претстават контуирите на предлог-буџетот за 2018 година.

 

„Законска обврска на Владата е предлог-буџетот да го достави до Собранието до 15 ноевмри. Првпат досега ќе се организира јавна дебата на која ќе ги претставиме контурите на предлог-буџетот за наредната година“, изјави Тевдовски

 

Покрај дебата, како што рече, договорена е средба и со коморите за да ги слушнат нивните мислења во однос на подготвениот предлог буџет, како и на невладините организации и синдикати.

 

Министерот не откри како ќе изгледа државната каса наредната година, но рече дека е планиран понизок дефицит од годинашниот кој ќе изнесува  2,8 отсто.

 

„Да одиме со буџетски дефицит којшто е за нијанса понизок од годинава, поточно работната верзија е со буџетски дефицит 2,8 отсто од БДП“, рече Тевдовски.

 

Тевдоски се надева дека ќе успее овој буџетски дефицит да го намали уште повеќе односно на 2,7 отсто. Вели дека ваквата политика почнала да ги дава резултатите и оти од денешните објавени податоци се гледа дека јавниот и државниот долг во третиот квартал или од јули до септември минимално се намалил во споредба со вториот квартал. Со тоа, вели дека отпаѓаат обвинувањата дека откако тој е министер, се зголемило задолжувањето на граѓаните.

 

Од почетокот на јуни до денес вистината е дека ако го гледате нето задолжувањето и на домашниот и на надворешниот пазар е точно 27 милиони евра“, додава Тевдовски.

 

Засега сè уште не се знае каде ќе се кратат трошоците во буџетот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи